речник контакт

Регионалниот хит, комедијата „Свадба“ и во Киноверзум Велес со по две претстави на ден

Се прикажуваат и анимираните „Таинствена шума“ и „Филмот за Боб сунѓерот“

Петар Печков

По премиерата во Хрватска пред две седмици, во Белград минатата недела, од денес и во Македонија и во Киноверзум Велес се прикажува хит комедијата, хрватскиот филм „Свадба“. Тој се игра пред распродадени сали во двете држави.  „Свадба“ ја следи приказната за две семејства чиј однос постојано „танцува“ помеѓу топла семејна приказна и меѓународен инцидент. Познат хрватски бизнисмен на својот роденден дознава дека е пред банкрот. Во канцеларијата му влегува семејството со торта и тамбураши, а во исто време му се јавува ќерката што студира во Лондон и му соопштува дека е бремена. Татко на детето е синот на српскиот министер за надворешни работи. Во стилот на полнокрвен балкански анти-ром-ком, испреплетувајќи хумор, топлина и неизвесност, „Свадба“ е приказна за две семејства чиј однос постојано се движи на границата помеѓу пријатна семејна приказна и меѓународен инцидент.

Од петок во Киноверзум Велес се прикажува и анимираниот филм „Таинствената шума“ синхронизриан на македонски.  Филмот го следи Анџело, десетгодишно дете кое сонува да стане истражувач и зоолог. Кога оди да ја посети баба си, неговите родители го оставаат на одморалиште, и тој решава да продолжи низ шумата во потрага по нив. 
Ќе се прикажува повторно и Филмот за Боб Сунѓеровски –потрага по панталановски

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »