Петар Печков
Објавено: среда, 24 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, среда во велешко има 24 лица ново заразени со ковид-19, а шест оздравени. Активни се 235 случаи а досега се заразиле 3.398 лица.
Во текот на вчерашниот ден починат е еден пациент на 76 годишна возраст, од Велес, позитивен, лекуван на инфективно одделение десет дена.Тоа е 111-тата жртва од ковид заразата, во велешко.
Во велешка Болница се хоспитализирани 36 пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и четворица се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет лица. На Инфективно одделение се сместени 31 а на Интерно петмина пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |