речник контакт

Редот во УВР Велес (Матично одделение)

Дали на УВР - Велес (Матичното одделение) му е потребна подобра организација?

Зоран Николов

Секојпат кога и да отидете да завршите некоја работа во УВР Велес, редовно заглавувате во некои административни процедурални замки. Ако е потребно да земете уплатница за било што, мора да отидете таму, да чекате ред да ја земете, па да отидете до поштата на стотина метри која или не работи, или е затворена поради законската пауза; имате и пошта кај трговскиот центар во нова населба, а ако немате возило, ќе изгубите минимум 45 минути (со вклучено чекање ред во самата пошта). Потоа се враќате пак до матично и чекате ред одново. Во меѓувреме гледате како се мушнуваат преку ред сите роднини и пријатели на вработените/обезбедувањето. Надвор е -2°C, ама тоа не ги спречува јадните „пациенти“ да си чекаат на нивниот ред. Сликата кажува многу повеќе за „редот на чекање“. Ако некој дојде да тропне само за да земе уплатница, прво ќе биде проследен со остри погледи + мрчење на упорните „чекачи“, потоа ќе излезе господинот од обезбедувањето при што многу веројатно е дека ќе му рече да си чека ред. Се случува да дочекате ред и да влезете. Пресреќни сте, после 3 часа упорноста се исплати. И не за долго. Ве враќаат заради непотполна документација. Паузата од 12:30 до 13:00. Нервозата е до толку поголема кога ќе го видите единствениот што работи на одделот за вашата мака излегува во 12:00 на пауза и го нема до 13:20. И се поставува прашањето, дали тие државни службеници им наметнуваат на чекачите темпо кое овие треба да го прифатат и да се помират со тоа, или пак чекачиве немаат револуционерна жичка во себе и ги изградиле службениците во такви деспоти. Нешто како приказната со јајцето и кокошката. Во секој случај, постојат начини како да се воведе ред (систем со бројчиња како најпрост пример) и сигурно постои можност да не дремат надвор да мрзнат зиме/да се препотуваат лете овие мачниве чекачи, туку да влезат во некаква чекална каде нема да им биде нарушено човечкото достоинство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »