Петар Печков
Објавено: четврток, 29 ноември 2018
Повеќе именувања на локално ниво, две на национални институции и една општинска. За в.д директор на Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот - Велес е поставен театарскиот режисер Александар Ивановски. Од актуелните претстави негови режисерски се ,,Синиот портокал,, и ,,Шумата на моето дрво,,. Има поставувано претстави и во Романија и Чешка. Тој ќе биде на оваа позиција се до распишување на конкурсот и избор на директор. Според писменото известување од Министерството за култура досегашниот в.д. директор Младен Крстевски е разрешен поради тоа што не работел во согласност со Законот и статутот констатирани во Записник од 23.11.2018 година од извршениот вонреден инспекциски надзор во НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот - Велес од страна на инспектор за култура.
Регистрационото одделение на Централен регистар на Македонија, за Велес доби нов раководител. Тоа е дипломираниот економист Јане Стојанов. Ова позиција повеќе време, неколку години беше празна.
За директор на Хемиското училиште ,,Димитрие Чуповски,, по распишаниот конкурс е избрана Маја Хеско, која претходниот период беше в.д. директор а во претходни мандати и директор на оваа образовна институција.
Tweet |