речник контакт

Резултатот од женскиот Куп натпревар Драгон - Борец под истрага на МВР И ФФМ

Средбата била на дел од обложовалници во Европа и Азија, со висок коефициент за постигнати- повеќе од седум гола и за пресврт на полувреме - водство на гости, победа за домаќини крајно

Петар Печков

Младите велешки фудбалерки  на ЖФК Борец загубија во куп натпревар ама нивниот резултат предизвика внимание во фудбалската јавност. МВР И ФФМ најавиле дека ќе истражуваат што е случувало во Скопје на куп средбата Драгон – Борец.

Ова беше натпревар од четврт-финалето на Купот, кој заврши со победа од 4:3 за домашните. Велешанки воделе на полувреме со 2:1 а на крај загубиле со 4:3.  Средбата се играла во населба Пржино со почеток од 10ч. За илустрација Драгон е втор на табелата и со екипата на Истатов се бори за првак, додека Борец е 7-ми од девет екипи во Првата лига.    

Одделот за Интегритет, заедно со МВР водат истрага за да се утврди дали има евентуални нерегуларности на натпреварот меѓу Драгон и Борец. Најавено е дека ќе бидат повикани учесниците на овој меч, заедно со претставниците на клубовите, делегатот, контролорот и сите што биле задолжени за организацијата на овој натпревар. Ќе се формира предмет, за да се утврди за што се работи - изјавија од Фудбалската федерација на Македонија, за спортските медиуми. 

Натпреварот се нашол на обложувалници во Европа и Азија а имал високи коефициенти за постигнати голови  ,,7+,, но и за пресврт ,,два во еден,, кои се случиле на натпреварот   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »