Петар Печков
Објавено: среда, 25 декември 2019
Претпладнево реката Вардар, на течението низ центарот на Велес, беше порибена со 200 кг крап. Ова е редовна годишна обврска на Здружението на спортски риболовци ,, Бабуна,, од Велес, согласно договорот за концесија, потпишан со Министерството за земјоделие и водостопанство.
Подмладокот на рибата е обезбеден од репро-центарот ,,Акватика,, од Неготино. Од здружението објаснуваат дека ова го прават за да се збогати рибниот фонд во реката, која низ Велес е надвор од категоризирана категорија на загаденост.
Оваа обврска ни е согласно договорот потпишан со Министерството, и тие побараа еднаш годишно ревирот на река Вардар, каде е под наша концесија, да се порибува. Ова порибување го извршивме по барање на надлежните - кажа Мартин Павлов -претседател на Здружението на спортски риболовци ,, Бабуна,, од Велес.
Тој објасни дека за зачувување на рибниот фонд, освен професионалните рибочувари, годинава биле ангажирани и волонтери. Од надлежната Инспекција, годинава од велешко биле поднесени десет кривични пријави за исто толку лица, поради риболов со забранети средства или во период на мрестот.
Tweet |