Петар Печков
Објавено: вторник, 03 октомври 2017
Од пладне при вливот на реката Тополка во Вардар, регистриран е помор на риби а има и заматеност на водата. Наместо бистра река, таа е бела а по нејзиниот ток примероци од риба пловат на грб.
За настанот алармирале велешките риболовци и тоа до Здружението на спортските риболовци ,,Бабуна,, , кое пак настанот го пријавиле до велешката полиција. Од таму информираа дек нивните екипи, заедно со надлежниот државен инспектор се не терен и засега не може да дадат било каква информација. Затоа сведоците раскажаа што се случувало околу 12ч. во долниот тек на реката Тополка.
Наеднаш реката побеле, доби неприродна боја. Имаше умрени риби, белевица беше од толку што имаше изумено примероци. Реката ги носеше. Многу лоша слика. Реката е побелена се до Превалец – вели велешанец кој тука има времено живеалиште.
Се жали дека и шатките кои до неодамна тука живееле, повеќе ги нема. Потсетува дека ист ваков помор беше регистриран и кон крајот на месец август, на верскиот празник Успение на Св. Богородица. Според него умрените приморци на риба се од видот Еѓупка, амур,кркушка.
За илустрација колку е реката загадена најдобро зборува нејзиниот влив во реката Вардар, каде Тополка е бела, како вар.
Tweet |