речник контакт

Реките Тополка и Бабуна со зголемен водостој, од топењето на снегот

Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците

Петар Печков

Топлото време и високите натпросечни температури на воздухот за овој период од годината условија интензивно топење на снегот од планините и зголемување на водостојот на реките низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во сливните подрачја кои доаѓаат од повисоките планински делови и каде има интензивно топење на снегот деновиве.

„Шарските водотеци го зголемуваат водостојот на река Вардар во горниот тек. Се зголемуваат и водотеците кои доаѓаат од  планинскиот масив Солунска глава, тоа се реките Бабуна, Тополка, Кадина, Маркова река. Засега не постои опасност од излевање на реките“, велат  од УХМР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »