речник контакт

Реконструиран дел од фармата Агрија

Агрија е успешен пример за користење на ИПАРД фондовите и за обезбедување на потребната документација

Петар Печков

 Реконструирана е дел од  свињарска фарма ,,Агрија,,   која е   обновена со пари од ИПАРД фондовите.  Оваа инвестиција е вредна 160 илјади евра а половина од парите, инвеститорите ги добиваат назад. Со неа компанијата добива проширување на капацитетот за 30 отсто и подобри услови за одгледување на свињите и  нивна помала смртност.

 Обновивме  еден дел од нашата фарма, во случајот одгледувалиште.  Инвестицијата се однесуваше на  внатрешна  реконструкција. Променети се  стариот систем на исхрана со нов најсовремен, водоснабдување со  најнови поилки, сместување, подно греење  и канализација. Нашите свињи сега се одгледуваат по важечките прописи на ЕУ, како во поглед на амбиентално сместувачки услови, здравствени заштита и заштита на животната средина. Сега амбиентот во кој ги одгледуваме прасињата е идентичен како тој што е дома за бебињата. Свињите се најосетливите животни и најблиски до луѓето – рече Виолета Бочварова технички директор на Агро-индустриска  групација ,,Агрија.

По ова проширување  компанија  имала помали трошоци на производство, поголем  дневен прираст, скратување на бројот на денови за постигнување поголема тежина и повеќе прасиња од една мајка. За прибирање на потребната документација за овој проект требало многу време, многу контроли и хартија,   бил макотрпен процес, поради што од министерството најавија дека  за наредните конкурси тие ќе побараат од ЕУ  проширување на мерките и спуштање на критериумите. Со една цел, што повеќе земјоделци и сродни компании да можат да аплицираат и полесно да дојдат до овие пари.

Поради ваквата состојба на прибирање на огромна документација имаме   малку мерки, високи критериуми и мала потрошувачка на парите од фондовите. Тешко се стигнува до европските пари.  Агрија е успешен пример за користење на  ИПАРД фондовите и за обезбедување на документација  – рече министерот за земјоделие Љупчо Димовски.

Групацијата Агрија има капацитет од  30 илјади товеници свињи, единствени во Македонија одгледуваат јунци  и имаат илјада грла, имаат своја фабрика за сточна храна со  25 илјади тони складиштен капацитет и дневен од 130 дневен тони а планираат наскоро изградба и капацитет за преработка на сувомесни производи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »