Петар Печков
Објавено: четврток, 28 јануари 2021
Заврши реконструкција на тротоарот на улица ,,Благој Ѓорев", покрај Офицерски,до Аптека, спроти Пошта. Обновена е површина од околу 1.100 м2 и вкупна вредност на градежните работи од 2,1 милион денари, средства од Општинскиот буџет.
Поставен систем капка по капка за наводнување и засаден е дрворед со 40 повеќегодишни дрвја каталпи, во вредност од околу 150 илјади денари, тротоарот е поплочен со бехатон - соопштија од локалната власт.
Во период од два месеци додека траеше реконструкцијата на тротоарот во должина од 250 метри, беше отстранет асфалт, бетон и земја, поставени се подземни кабли на А1 и Телекабел, извршено е тампонирање и набивање.
Кај дел од јавноста реконструкцијата, поточни сечењето, отстранувањето на дел од повеќегодишните листопадни дрвја на овој простор, предизвика реакции, за кои локална власт објасни дека се деградирани и стари Тие беа заменети со нови, исто како и старите исушени дрвја пред Жито Вардар.
Tweet |