Петар Печков
Објавено: недела, 10 ноември 2013
Пуштен е во употреба мостот што го поврзува селото Ногаевци со Градско, долг 100 метри, инвестиција вредна 14 милиони денари. Мостот беше срушен од надојдениот Вардар во декември 2010-тата. Жителите на Ногаевци за овој период мораа да минат преку заобиколен лош земјен пат, за да стигнат на регионалниот Велес - Градско.
Кон крајот на 2010 почнаа процедурите за изготвување на проектот, во април 2012 стартуваше и изведбата, а мостот е комплетно завршен во мај, јуни годинава - изјави премиерот Груевски при пуштањето на мостот.
Жителите на селото Ногаевци неколку пети реагираа поради непочитувањето на роковите за изградба, па не ги пуштаа и децата на училиште.
Изградбата на мостот одзеде и една човечка жртва. Возачот на камион кој превезуваше материјал за градба, беше удрен од воз на пругата преку која мора да се мине за да се стигне до градилиштето.
Tweet |