Петар Печков
Објавено: недела, 08 ноември 2026
Во денешната крводарителска акција, за Денот на општината 9 Ноември собрани се рекордни 201 крвна единица. Од нив 11 дарители се првократни.
Акцијата беше организирана од Општинската организација на Црвен крст Велес, Заводот за трансфузиона медиција и Здружените „Носачи на крстот“ од Велес.
Ланската акција беа собрани 200 крвни единици. Акција на МК Носачи на крстот се одржува 19 години по ред.
| Tweet |





