Петар Печков
Објавено: сабота, 10 октомври 2015
На 12-тата Велешка Питијада, нов рекорд во големина на подготвена пита пастрмалија. Велешките мајстори подготвија рекордна пита тешка околу 50 килограми. Таа е долга 3,5 а широка еден метар.
Со ова е срушен минатогодишниот рекорд, во големина на подготвена пита. Питата се изработи во пекарата Којник, по старински рецепт. Во нејзината подготовка искористени се 25 килограми тесто, 20 кг месо и 200 јајца.
За нејзина изработка ни беа потребни пет часови. Ја печевме во голема фурна, на дрва. Таа е испечена по старински рецепт, како што се прават пастрмалии во Велес, со децении - рече еден Орце Димовски еден од петте мајсторите кои ја подготвија питата.
Така е срушен рекордот кој пекара Којник лани го постави со должина од 3,3 метри а година пред тоа испече пастрмалија долга 3 метри. Средствата од продажбата на рекордно големата пита се наменети за хуманитарна цел.
Таа се сечеше на парчиња а велешани за секое донираа средства кои се за ранливите категории. Пастрмалијата тешка 50 килограми се изеде за 15-тина минути. Првиот ден на Питијадата организаторот информираше дека се изедоа 10 и пол илјади пити и се испиле 3,1 тони вино.
Tweet |