речник контакт

Рекордни 12 велешани ново заразени со ковид-19

Активни се 47 случаи на лица со корона вирусот

Петар Печков

 Дванаесет  велешани денес се ново заразени со ковид-19, што е рекордна бројка за градот и општината, има само еден оздравен. Ова се бројките кои доцна попладнево ги објави Министерството за здравство. Со ова скокна бројката на активни случаи на 47 лица.

Седум од новите случаи се жени, пет се мажи. Шестмина се заразени од член на семејството, тројца  од работа од Скопје и Кавадарци а тројца не знаат од кого го  добиле корона вирусот. Десет од новите заразени се на домашно лекување, а двајца се на Инфективно одделение, каде ги добија резултатите дека се позитивни - информираа од Центарот за јавно здравје.

Бројката на вкупно, досега заразени лица од поширокиот велешки регион е   369, оздравени се 306 а починати 16. На инфективното одделение од Велешка Болница има 26 пациенти, 25 се потврдено позитивни, еден сомнителен. Пет пациенти се на кислородна поддршка.

фото Оливер Зографски

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »