речник контакт

Рекордни 208 цм на Вардар во Велес, нема пријави за поплавени површини

Од Центарот за управување во кризи соопштија дека нема пријави дека Вардар има поплавено дом или површини во велешко

Петар Печков

Нивото на реката Вардар во Велес попладнево  е со највисоко ниво. УХМР во 16 ч. измерил 208 цм а утрово во 7,30 беше 200 цм.

Од Центарот за управување во кризи  соопштија дека нема пријави дека Вардар  има поплавено дом или површини во велешко. 

Може да се види дека со ова ниво освоен е кејот во центарот на градот. Нивото на притоките на река Вардар и во нејзиниот горен тек попладнево се  качување.

Од ЦУК соопштија дека во општина Росоман, поточно село Трстеник  како последица на невремето делумно е оштетен пат кој се наоѓа на крајот од селото.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »