речник контакт

Рекордни две илјади вакцини против грип за велешани

Цената на вакцината како и претходните години 400 денари

Петар Печков

Започна вакцинацијата со сезонски грип во Центарот за јавно здравје во Велес. Првите два дена имало 100 граѓани кои ја примиле оваа вакцина а за што платиле 400 денари, толкава е нејзината цена. Таа е идентична како претходните години.  

Вакцинирањето продолжува се додека не се искористат сите две илјади вакцини. Ова е рекордна бројка, оти досега во Центарот добивале осетно помалку, лани 1,1 илјади. Но по големиот интерес зголемена е дозата, безмалку двојно. Со ова се очекува да се задоволат барањата на граѓаните.  

Има заинтересираност, а како времето, деновите минат доаѓаат се повеќе граѓани. Годинава осетно сме снабдени со вакцина, бидејќи со годините расте интересот на граѓаните. Наспроти ланските 1,1 илјада годинава имаме 2 илјади вакцини. Така што ќе ги задоволиме барањата на граѓаните - изјави д-р Билјана Трајкова специјалист за заразни болести.    

Вакцинирањето против сезонски грип е препорачливо за лица над 60 години,  лица кои имаат хронични незаразни заболувања како што се кардиоваскуларните, дијабет, белодробни болести, бубрежни. Препорачлива е и кај помладите или кај здрави кои поради природата на работното место, контактираат со голем број лица и можат да дојдат лесно во контакт со вирусите.

Препорачливо е и кај помали деца кои полесно заболуваат. Оваа вакцина штити од трите форми на грип кои се регистрираат на северната хемисфера. Вакцината е издадена од страна на Светската здравствена организација, штити од т.н. свински грип Х1 Н1, потоа од  сезонски Х3Н2 и од грип вид Б.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »