Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 мај 2022
Поединците кои овие пролетни денови рекреираат во попладневни часови, реагираат дека улицата која минува низ Градски парк, ја користат сопствениците на автомобили. Тоа им ја ограничува слободата но и стравуваат по безбедноста.
„Попладне после 18 ч. кога рекреирам, има толку многу возила и мотори, што е невозможно да се спортува. Иако во тој период е забранет сообраќајот, возачите не ги почитуваат сообраќаниот знак и режим. Не знам зошто сообраќајната полиција не реагира“ - велат рекреативците.
На поставеното прашање до локалната власт, дали има промена на режимот на сообраќај, низ Градски парк, одговорот беше дека е истиот што е донесен во септември 2018-та.
„Нема промена на режим на сообраќај низ Градски парк“-одговорија од локалната власт. За нејзина примена е надлежна сообраќајната полиција при СВР Велес.
Забраната не важи за возилата на брзата помош, пожарната и полиција. Таа за овој период од годината, од мај до август е од 5 до 8 часот наутро и од 18 до 21 ч попладне.
Tweet |