Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 март 2024
Продолжува лошата серија на футсал фудбалерите на КФМ Кеги Моби. Во 16 коло од Првата лига се поразени од КФМ Шкупи во Чаир, кој е второпласиран, со високи 6:1. Во претходното коло загубија дома од последно пласираниот на табелата КМФ ОВче поле со 3:6, а серијата лоши резулати беше прекината со ремито со 1:1 со КМФ Осогово во Крива Паланка а претходно дома загубија со високи 1:11 од КМФ Форца. Добро е што првенството привршува, во следното претпоследно коло играат дома со КФМ Црна река, кој е 6-то пласиран со 18 бода. Велешани по одиграни 16 од 18 кола, се осми од 10 екипи со 14 бода.
Во Втората фудбалска лига жени ЖФК Борец загуби дома од ФК Билјанини извори со 0:4, иако велешанки беа за еден бод подoбри и едно место погоре на табелата. Есеноска ЖФК Борец победи како гостин во Охрид, за сега охриѓанки да се реваншираат и тоа со убедлива победа. Во следното коло ЖФК Борец гостува во Скопје на ЖФК Вардар.
Се одгира и третото пролетно коло на Третата фудбалска лига Југ. Лидерот ФК Борец во 90 минута спаси бод со голот на Јосиф Манасиев, на дербито со ФК Росоман во гости, а домаќините беа трети. ФК Превалец победи во кавадаречка Марена, против истоимената екипа која беше 9-та од 11 екипи на табелата. ФК Локомотива од Градско загуби убедливо со 5:1 во крушевски Бучим со 5:1 иако домаќините имаа само една победа. Така по 14 кола, ФК Борец е прв со 30 бода, четири повеќе од второпласираните ФК Превалец и ФК Големо Коњари со по 26 бода а ФК Локомотива е претпоследна 10-та со 10 бода. Во следното коло ФК Борец е слободен, ФК Превалец го игра дербито со ФК Големо Коњари во гости а ФК Локомотива во Градско го пречекува ФК Слога од прилепско Лажани, која е седма со 16 бода.
фото ФБ/ФК Превалец
Tweet |