Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 септември 2014
Во третата фудбалска лига југ, возбудливо дерби на Градски одиграа екипите на Бабуна и Борец 2009. Средбата заврши нерешено 2:2 а условно домаќинот, Бабуна од Мартолци во два наврати водеше со 1:0 и 2:1 а младите фудбалери на Борец 2009 израмнуваа.
Екипата на Превалец дома, победи со 1:0, против екипата на Партизан од прилепско Обршани. По ова трето коло Превалец е втор со девет бода од три кола заедно со Победа Јуниор од прилеп, Бабуна е седма со четири бодови а Борец 2009 е деветти со еден бод.
Tweet |