Петар Печков
Објавено: вторник, 20 октомври 2015
Старите и напуштени рени бунари од кои Велес до пред пет години се снабдуваше со вода, е потребно да се заштитат. Ова е барање на надлежен стручен орган до локалната власт, зоните околу овие пумпни станици да бидат заштитени.
Набргу по ова барање, Советот на Општина Велес ги определи границите на заштитните зони околу поранешните рени бунари.. По започнувањето со работа на хидросистемот Лисиче, од 2010 година, бунарите беа ставени вон функција. Во овој период од пет години во нивната поширока заштитна зона, изградени се бројни објекти за живеење, викенд куќи и објекти во кои се врши стопанска дејност.
Дел од нив до локалната власт поднеле барања за легализација на објектите, а не можат да бидат позитивно решени заради постојната заштита на бунарскиот систем. Токму поради ова, изработен е елаборат за утврдување на граници на заштитени зони околу водозафатните објекти-бунари за водоснабдување на градот Велес. Истиот е изготвен од страна на Градежниот институт Македонија АД Скопје и ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија.
Целта на Општината со изработката на овој докеумент е да ги сочува овие изворишта како алтернативни извори за водоснабдување на Велес, но и да создаде услови и механизми за решавање на еколошките проблеми создадени во пошироката заштитна зона. Со оваа Одлука, објектите кои се изградени на подрачјето каде се утврдени заштитните зони, или кои ќе се градат во иднина, можат да бидат предмет на одобрение или стекнување правен статус само доколку ги исполнуваат условите утврдени и зададени во Елаборатот. Тој има мерки, заклучоци и препораки на заштитетните зони, како и активности кои се забранети да се вршат во заштитните зони. Објектите кои ги исполнуваат условите согласно овој елаборат можат да бидат предмет на легализација - велат од локалната власт.
Границите на заштитените зони се однесуваат околу водозафатните објекти Рени бунари 1, 2 и 3, Топилнички бунар, бунар на АРМ и бунарскиот систем ‘Шорка”.
Tweet |