речник контакт

Репариран паркот пред зградата на ХИВ (фото)

Обновени се десет клупи, поставени нови клацкалки, бојадисани се елементите за забава на децата

Петар Печков

Паркот през зградата на ХИВ, кај Железен мост доби  нов  лик. Ова откако урбаната опрема која беше таму без малку уништена,  со помош на вредните раце на членови од фондацијата  ,,Фокус,, самоиницијативно ја обновија.

Тие ја реализираа кампањата  во чии рамки спроведоа репарирање на елементите за забава на децата и клупите за седење а беа поставени и канти за смет во паркот во населбата Дворови во Велес.

ЈКП Дервен ја  искоси тревата, по што беа  поправени десет клупи на кои се заменија старите дотраени и скршени даски, со нови дрвени летви. Се подготвија нови клацкалки за лулашките. Се бојадисаа сите елементи за детска забава и се поставија кантите за смет. Тимот на Фокус и неколкумина волонтери го собраа сметот од тревниците -порачаа организторите волонтерите на  Фокус.

Акцијата е  финансирана од Фондација отворено општество Македонија. Преку оваа иницијатива, целта на Фокус беше да ги мотивира граѓаните да излезат и преку волонтерска акција да допринесат во уредувањето на просторот а потоа и да се грижат за зачувување на репарираните елементи и парковската површина.

Затоа на детскиот елемент вовче е поставена табла со порака „Зачувај ме, за да ме имаш, вашиот Парк !“

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »