речник контакт

Репрезентативецот Филип Лепидовски се врати во ОК Борец

Од клубот сооштија дека никој не го напуштил составот од ланската сезона

Петар Печков

Одбојкарскиот репрезентативец Филип Лепидовски од Велес, се враќа во матичниот клуб ОК Борец. Ноќеска заврши преодниот рок во одбојкарското превенство и Одбојкарската федерација објави дека меѓу другите трансфери еден се случи во ОК Борец.

Во клубот се врати Филип Лепидовски ( 22 год) , кој игра за репрезентацијата, освен последните натпревари од квалификациите за ЕП  играни во август. 

Лепидовски игра на позицијата среден блокер, настапуваше за ОК Вардар, ОК Таково- Србија и ОК Струмица. 

ОД ОК Борец информираа дека никој не го напуштил клубот од составот од ланската сезона. За странци преодниот рок е до 20-ти октомври. Сезоната 2024/25 ОК Борец играше во полуфиналето на првенството и на Купот. 

фото:CEV

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »