Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 јули 2014
На ЕП кајак слалом кој се одржа изминатиот викенд на патеката на Треска македонските репрезентативци, повеќето велешки кајакари натпреварите ги завршија првиот ден.
На трката К-1 до 18 години од 56 натпреварувачи ги постигнаа следнтите времиња и пласман
42. Златаров Александар 28.28 сек. заостаток зад првиот
43. Лазаревски Мартин 29.91
45 Велков Димитар 34.73
Во оваа конкуренција победи Италијанецот Вегер, пред Французионот Олен и Словенецот Тестен.
Тројцата велешани Златаров, Лазаревски и Велков, како репрезентација екипно во 3хК-1 се пласираа како 11 –ти од 17 екипи. Победија Германците, пред Шпанија и Полска.
Во К-1 до 23 год од 55 натпреварувачи постигнати се следните резултати
41.Боржче Мирчевски 18.08 сек. заостаток зад првиот
42. Иван Делиев 18.50
46. Игор Стефановски 20.29
Во оваа дисциплина победи Полјакот пред Французот Бурги и Чехот Прскавец.
Екипно Мирчевски, Стефановски заедно со Делиев во 3хК-1 го зазедоа 10-тото место од 16 репрезентации. Победија Полјаците пред Германците а трети беа Италијанците .
Иако пријавена велешанката Христина Бабунска како членка на репрезентацијата на Македонија, не ја возеше патеката во К-1 за младинки до 23 год.
Tweet |