речник контакт

Републички признанија за Андова и Брзева

Тие добија пофалници за медицинска сестра и за акушерка а по повод одбележувањето на Светскиот ден

Петар Печков

Две велешанки добија републичко признание за меѓународниот ден на акушерките и медицинските сестри. Свеченоста се одржа во Скопје а за нивниот досегашен вложен труд наградени се Марина Андова и Шенај Брзева.  Андова која моментално е главна сестра на ЈЗУ Општа Болница Велес има звршено специјализација на Високата школа во Битола. Таа има работен стаж од 35 години во велешатка Болница, започнала од физикална медицина и рехабилитација, продолжила на инфективно, па на рентген оддление  а најголемиот дел од работниот век го мина во  АТ Диспанзерот. 

 За мене главната награда е насмевката на пациентот кога ќе замине од лекување од Болницата. Тоа ме исполнува и прави среќна и задоволна од работата која сите овие години ги минав во оваа здравстена институција - рече Андова. 

Шенај Брзева   е акушерка во породилна сала во ЈЗУ Општа Болница Велес. И таа работи таму од 1984-тата година. Првото вработување и било како акушерка во амбулантата во Бузалково, во 1981-ва кога се отворила, потоа една година работела во село Иванковци и потоа цел работен век е во акушерското одделение.  

 Моментот кога мајката го напушта одделението со здраво бебе во рацете е најзначајниот миг. Да се помогне кога на свет доаѓа дете,  е ретка можност и затоа нагрдата е признание за тоа што досега сум работела. Но и обврска да продололжам натаму со повеќе енергија и ентузијазам - вели Брзева. 

На Светскиот ден на медицинските сестри тие раеагираат дека ги  има се помалку во Болниците, дека платите им се ниски, ноќниот труд  не е вреднуван.    Во Македонија работат околу 7000, а пред 10 години имало 9000 медицински сестри.

Ружица Нацева претседател на Општинското Здружение на медицински сестри и акушерки од Велес, потсети дека мотото на Меѓународниот ден на акушерките кој беше на 5-ти мај е ,,Го предводат патот со квалитетна нега,, додека на медицинските сестри кој е на 12 мај е,,Глас што води здравјето, човеково право,,. 

Денес беа доделни и призанија на општинско ниво за медицинските сестри. Постхумно доби Цветанка Јанушева и како што стои во образложението за најстарата жива медицинска сестра,  Злата Стровјаноска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »