речник контакт

Републички признанија за медицинските сестри и акушерки од Велес, Ѓорѓиева, Стојкова и Димова за нивната работа во сестринството

Од 5-ти до 12 мај е недела нa медицинските сестри и акушерките. Благодарница доби и Олгица Мојсова Пепелашева и Весна Пренџова од Унијата на медицински сестри „За нас“

Петар Печков

Се одбележа 12 мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари и 5-ти мај Меѓународниот ден на акушерките. Овие седум  дена од 5-ти до 12 мај, се недела нa медицинските сестри и акушерките.  Мото оваа година за акушерките  е „Работна сила која ни е потребна“ а за  медицинските сестри „Нашите медицински  сестри, наша иднина“. 

„Овој ден е можност за потсетување на ангажманот на медицинските сестри и акушерки во нивната грижа за здравјето на пациентите. Нивниот влог е голем и добро е што барем во еден ден може вниманието да биде свретено кон овие здравствени работници. И проблемите со кои се судруваме. Нашите проблеми, како здравствени работници, постоеле, постојат и ќе постојат, но очекуваме и бараме да бидат  во помал број“ – кажа Ружица Нацева претседател на Општинското здружение на медицински сестри и техничари, акушерки на Македонија, за Велес.

На централната прослава одржана во Скопје, на три здравени работнички од Општа болница Велес и Здравен дом Велес им беа врачени  признанија за нивната долгогодишна и посветена работа. Тоа се Гровче Ѓорѓиева, медицинска сестра од хирургија, Надица Стојкова акушерка, двете од ЈЗУ Општа Болница Велес и Вида Димова медицинска сестра од службата за Итна помош при  ЈЗУ Здравен дом Велес. Од страна на  Здружението на медицински сестри и техничари, акушерки на Македонија, благодарница доби Олгица Мојсова  Пепелашева.

Унијата на медицински сестри „За нас“ додели пофалница за Весна Пренџова, медицинска сестра од Интерното  одделение од Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »