Петар Печков
Објавено: петок, 03 февруари 2017
Изложбата на накитот низ вековите во велешки народен музеј е продолжена. Една година, од почетокто на минатата, таа беше дел од оваа културна институција, но поради интересот на јавноста ќе биде продолжена половина година во наредните месеци. Авторот Анита Василкова Мидоска е задоволна од посетата.
Во првите месеци од нејзиното претставување имаше голем интерес. Но одлучивме оваа ретка изложба на драгоцености да ја продолжиме. Изложбата содржи широк дијапазон на културни аспекти, научна тежина, презентација на културно наследство и негова достапност до пошироката јавност – вели м-р Василкова Мидоска, виш кустос археолог, во Народниот музеј. Пред јавноста 12 месеци беа претставени 185 предмети од кои повеќето прв пат се презентираа пред стручната , научната јавност и посетителите. Поголемиот дел од изложените предмети, 152 се археолошки наоди а само 33 се од Етнолошката збирка на музејот.
Целта на изложбата беше да се навлезе во еден дел од секојдневното живеење на луѓето во минатото. Покрај накитот, како главна изложбен материја, презентирани се и д руги археолошки предмети, пред се теракотите и праисториски фигурини кои биле дел до секојдневниот и церемонијалниот накит. Освен автентични предмети изложбата е проследена и со реконструкции, за подобро да се претстави намената на одредено парче накит и неговата функција во минатото. Потпирајќи се на оваа идеја,– додава Анита.
Презентирани се артефакти со непроценлива културна и историска вредност и претставуваат сведоштво за културниот идентитет на многу популации, кои битисувал во велешко. Во витрините изложени се прстени, белегзии, огрлици,обетки има и фибули кои биле со статусен симбол а денес се обичен брош.
Меѓу накитот се наоѓа и дијадема од злато, која е 2-риот век п.н.е откопана од локалитетот Градиште крај Згрополци и тоа во последните часови од ископувањето на проектот. На истиот простор се пронајдени и две исклучително убаво изработени обетки, едната со мотив на јарец а втората со мотив на Богот Амор.
Таму е пронајдена и теракотна статуетка на Афродита. На неа се забележуваат, два прстени на левата рака со која ги прекрила гениталиите, додека на главата има дијадема.
Tweet |