Петар Печков
Објавено: среда, 19 ноември 2014
Исклучителна изложба, исклучителен автор и исклучителни дела, така директорката на велешкиот музеј Елица Николова, ја најави изложбата посветена на Василие Поповиќ – Цицо која во наредните 10-тина дена е поставена во Ликовниот салон. Гостите од Скопје, кои дојдоа на настанот пак потсетија дека оваа изложба беше прогласена за ликовен настан во главниот град на земјава за годината.
Ова е ретка и важна изложба. Цицо е еден од основоположниците на македонската ликовност. Исклучителен ренесансен уметник, кој бил се, акварелист, опремувач на книги, автор на применета дизајнерска ликовна уметност во доцните 40 и раните 50 години, графичар, цртач, сценограф. Тој беше 18 години сценофраф во МНТ из тоа се некои сценографски и костимографски скици но и дела кои ги правеше за своја душа. Имаме чест да следиме дела на уметник кој е уметник до коска – најави театрологот Јелена Лужина која е претставник на музејот на МНТ еден од организаторите на изложбата.
Тие донирале 46 дела додека 38 се на Даут Пашин амам. Изложбата е јубилејна по повод 100 години од раѓањето (!914-!962) на Цицо, насловена Сеќавање и Омаж на Василие Поповиќ – Цицо. Роден е во Скадар, Црна гора, а од пет години, до крајот на животот живеел во Скопје. Уметничка академија завршил во Белград.
Цицо пред велешката публика е претставен како акварелист, карикатурист, сценограф, костимограф и илустратор. Значајно е што Цицо своевремено бил дел од две велешки претстави во далечната 1955 на ,,Без вина виновен,, како костимограф и година подоцна 1956 како сценограф на ,,Манде,,. Василие Поповиќ – Цицо е автор на Македонскиот грб, на илустрацијата за првата книга азбука...
Tweet |