речник контакт

Ретроспективна изложба на Павле Илиев

На изложбата преку 50-тина дела, слики, цртежи, карикатури, скици за скулптури и скулптури , е претставен животниот опус на уметникот, кој почина пред две децении

Петар Печков

Во Ликовниот салон во четвртокот навечер беше отворена  ретроспективна изложба на дела од ликовниот уметник и педагог Павле Илиевски (1940-1997), по повод 20 годишнината од смртта.  На изложбата  преку 50-тина дела, слики, цртежи, карикатури, скици за скулптури и скулптури , е  претставен животниот опус на уметникот. Семејството на Илиев, неговиот син Петре ја организира изложбата по повод 20 години од неговата смрт.

Задоволство ми е да кажам дека Павле Илиев , претставник на постарата и  средна генерација  ликовни уметници до  Велес, кои произлегле од високите школи во Скопје. Тој е многу значаен автор оти има распон од класична слика до карикатура, присутен е женскиот акт. Го има сите класични форми  на   ликовно изразување . Во поглед на мотивот најчисто се јавува човечка женска   фигура, портрет и пејзаж кои  основни мотиви во ликовната уметност.  За неговите  фигури имате впечаток дека се  направени од хартија која  патува низ формата. Овие скулптури кои се  прв пат се пред јавноста се воодушевувачки, имаат така чист ликовен израз. Вреди од институциите да биде третиран понатаму, систематска селекција, систематска анализа бидејќи заслужува да се третира како основоположник на ликовната уметност  посебно за Велес       – рече Спасе Перовски ликовен уметник. 

Илиев има изработено десетина бисти од мермер на значајни личности од Велес меѓу кои и Алексо Демниевски - Бауман, шпанскиот борец, и борците од НОВ Димче Мирчев, Нада Бутникошарева, Тодор Јанев, како и бистата на Јордан Хаџи Константинов-Џинот,која е прогласена за официјален лик на Џинот, на Рајко Жинзифов. Има изработено голем број ентериерни скулптури како и женската фигура Ленка или Водарка која денес се наоѓа на крстосницата кон Болница.

Ликовниот уметник Живко Пренџов потсети дека неговиот колега Илиев ликовната уметност несебично им ја пренесувал на младите генерации откривајќи ги талентите што ја продолжија уметничката нишка на Велес.
Павле Илиев е несомнено еден од амбасадорите на велешката и македонската ликовна уметност кои пред јавноста ја презентираат нашата културна ризница, рече Пренџов.

Павле Илиев, роден 1940 во с. Горни Балван. На 12 годишна возраст доаѓа во Велес, каде го завршува основно училиште. Завршува средна уметничка академија во класата на проф. Боро Митричевски. Завршува Педагошка академија, отсек ликовно во класата на Димо  Тодорвски -доајенот на македонската  скулптура . Од '62 до пензионирањето работи како ликовен педагог. Член е на друштвото на уметници на Велес, со кои учествува во повеќе локални и меѓународни изложби. Има изработено десетина бисти од мермер на значајни личности од градот меѓу кои, како најзначајно дело може да се издвои, бистата на Ј.Х.К. Џинот, која е прогласена за официјален лик на Џинот. Изложбата ќе трае наредните 10 дена.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »