речник контакт

Ретроспективна изложба на Ташовски во Велес (фото)

Изложени се 48 дела изработени во комбинирана техника

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на академскиот сликар и професор Вељо Ташовски  која е дел до проектот ,,Кич,да!?/сте или не/“. Таа е во организација на  Националната галерија на Македонија и Дирекцијата за култура и уметност и Велешкиот  Народен музеј.  

Изложба на Ташовски (1949 - 2009)   претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. Станува збор за 48 дела изработени во комбинирана техника. 

Убавината на делата и вниманието кое го предизвикаа кај публиката оваа ретроспективна изложба, поставена минатата година во Скопје, беше повод истата во скратен обем и внимателно  направен избор да и  дадеме на пошироката ликовна јавност уште еднаш можност да се потсети  на творештвото на Ташовски. Преку оваа патувачка концепирана изложба, македонската јавност ќе се потсети на авторот и творештво кои со своето специфика и карактеристика зрачат со препознатливост, која му дава посебно место во современата македонска уметност - рече  Мирјана Талеска историчар на уметност од Националната галерија на Македонија.  

Оваа ретроспективна изложба претставува заокружување, и своевиден пресек на творештвото на овој рано починат автор, кој што има значајно место и улога во афирмацијата на македонската современа ликовна уметност. Вељо Ташовски завршил Академија за ликовни уметности - сликарски одел во Љубљана, каде и магистрирал 1979 г.

Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија, а земал учество и на голем број групни изложби во повеќе држави. Добитник е и на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »