речник контакт

Рибокрадците работат празнично

На езеро Младост, заплената мрежа во должина од 270 метри

Петар Печков

Празничко рибокрадци  фрлиле мрежи да ловат риба на велешко езеро Младост, но мрежите  биле пронајдени а сторителите успеале да побегнат.  Настанот се случил на четвртокот спроти петокот ноќта околу 2,30 ч. информираа од велешкото Здружение на спортски риболовци „Бабуна“.  

На езеро Младост има група криводрадци на риба кои се активни  и се фрлаат мрежи со голема должина,  кои овие лица ги користат за незаконско ловење. Така беше и во акцијата од вчера. Пронајдени се три мрежи во должина од 270 метри. Сторителот не е најден, но е голема должината на запленетите мрежи. Во мрежите имаше крап, неколку кленови, караши и сите по евидентирањето се вратени во водата - изјави Лазар Лазаревски,  секретар на   Здружението на спортски риболовци „Бабуна“. 

Ова друштво е концесионер на рибниот фонд  на реките во велешко, Вардар, Бабуна, Тополка и долниот тек на Црна и Брегалница, се до вливот во река Вардар, како и на езеро Младост.  Во  тек е период на забрана на риболов  на течните води, во периодот  до 15-ти април до 15-ти мај. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »