Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јули 2024
Кавадарчанка, која работела како рибочувар пријавиле физички напад врз неа, како службено лице. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 23 јули во 11.00 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(44 год) од Кавадарци пријавила дека додека извршувала работни задачи на брана на хидроелектирчна централа била физички нападната од Т.М. и А.М. од село Возарци, кавадаречко“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол ан СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Пред два месеца, истата рибочуварка во време додека извршувала работни задачи, пријавила дека е нападната од тројца жители на селото Пепелиште. напад кој се случил на местото викано ,,Пунктот” на Тиквешко Езеро.
Tweet |