Петар Печков
Објавено: петок, 05 октомври 2018
За четири години новите сопственици на концесијата за работа со троската близу Велес, планираат ридот кој е закана по здравјето на велешани да го отстранат. Ова го изјавија КЕПС МОНТ ГРОУП ДОО Скопје која е дел од српската КЕПС МОНТ ГРОУП. Ридот резултат на три децениската работа на Топилницата е тежок 1,7 милиони тони и е една од 10-те црни еко-точки во Македонија.
Се предвидува реализација на отстранување на троската да трае во период од 40 до 48 месеци. Со европските стандарди на раздвојување на металите од троската е забрането, користење на киселини, точење, туку постојат посебни методи од страна на нашите партнери таму каде што ќе ја пренесеме во Малезија, ги вадат металите ги даваат на железари на топење а остатокот го прават цемент. Присуството на метали во велешката згура е на границата - изјави дипл. инг. Ранко Шчекиќ.
Тој кажа дека фирмата каде работи во Белград, е солвентна, има бонитет АА. Неодамна на прес конференција во Белград тамошната комора соопшти дека во Србија има 2,2 илјади такви фирми, кои имаат промет од 2 милиони динари годишно и остваруваат профит од еден отсто. Соговорникот кажа дека чекаат да се завршат административните работи со Владата околу преносот на концесијата. Иако во непосредна близина на ридот со троска е железничка станица Велес, тие се одлучиле троската да се пренесува по автопат.
Вакви проекти работевме на Косово, Црна Гора и Србија ги извезувавме исто како што ќе го извезуваме и овој од Македонија. Таму работевме со пристаништата во Бар и Драч, а тука веќе договоривме со Солунското пристаниште. Ќе се вработат доста нови работници за периодот додека се врши преносот. Дневно стотина камиони ќе превезуваат троската за што ќе ангажираме локални транспортери - додаде Шчекиќ. Троската треба да заврши на далечниот Исток, во Малезија.
Со одлука на Влада од 86-та седница, од 4-ти септември годинава, од Еко Центар 97 кој ја доби концесијата за ридот од троска близу
Tweet |