Петар Печков
Објавено: недела, 23 јули 2023
Дваесет и четири годишниот велешанец Ристе Мулев, минатиот викенд, за четири дена, со неговиот автомобил, олдтајмер мина 1650 км. шест држави. За да учествува на собирот на стари автомобили во возна состојба, од марката „опел кадет. Собирот беше во Херцеговина во градот Широки брег. Неговиот автомобил е двојно постар од него, има 49 години.
„Целта ни беше учество на собирот на стари автомобили од марката „Опел“. Нашето возило е во возна состојба, регистриран и за четири дена минавме 1650 км. Реставриран е. Стартувавме од Велес, преку Србија -Мокра Гора, Вишеград, Сараево и па Мостар стигневме до Широки Брег. На враќање се спуштивме до Требиње, влеговме во Црна Гора, Херцег нови, Сутоморе, па Албанија , Косово и дома“- кажа Ристе, кој на оваа авантура бил со неговиот татко Љупче.
„Ова патување ми овозможи да се запознаам со луѓе, сопственици на автомобили опел од Германија, Австрија, Хрватска, Србија. На изложбата можев да разменам искуства за возилата, за одржувањсето. Имаше 115 возила, некои беа од првата генерација на „Опел кадет“ , мојот е од „Ц“ од 1974 година“ - додава помладиот Мулев.
Тој со неговиот татко Љупчо имаат уште еден „кадет караван“ кој чека на реставрација.
Tweet |