Петар Печков
Објавено: недела, 12 јули 2020
Политичката партија „Интегра- Македонска конзервативна партија“, пред велешани се обрати од платото пред театарот во Велес. Говорниците порачаа дека е време за промени и дека со нивната програма ќе понудат ново на македонската политичка сцена.
Велес денес е град на пензионери и стечајни работници, иако своевремено беше столб на културата, интелектуалната моќ. Срамната приватизација остави гладни интелектуалци, работници чекајќи мизерни 4 илјади денари. А децата можеа ли да живеат со тие пари, па избегаа во странство. Останаа старите и изнемоштени и тие што имаа грб да се вработат во администрација . Тие што останаа се мачат да преживеат. Велешани работата во Скопје, Штип, Кавадарци - рече Гроздана Наумовска која се претстави дека е скопјанка но поради работните обврски работи и живее во Велес.
Hосителката на листата на „Интегра“ во ИЗ„8“ СузанаЧесмаџиски рече дека промената на политички план во државата е повеќе од потребна а тоа го слушнале и до граѓаните со кои се дружеле изминатите денови
Да ги промениме погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ - порача Чесмаџиски .
Лидерот на партијата Љупчо Ристевски кажа дека Фондот за здравство најмногу пари давал за лекови за депресии за психози, зошто сме биле први во Европа по болеста рак, затоа што нацијата граѓаните живееле под стрес и под постојан притисок.
Триесет години македонскиот народ постојано е на работ на провалијата. Двете политички партии со програми од 19-ти век не донесоа ништо ново. Не може да се очекува дека некој што те донел до работ на пропаста, да те извлече од таму. Око не им трепна што младите заминаа да работат во туѓина. Македонија чезнее за нови политичко раководство з анови ликови во политиката. Интегра се раѓа од крикот на потребата за новина. Не може Македонија на ниво на држава да нема ниту едно македонско национално обележје. Ќе ги вратиме насмевките на лицата на Македонците, ќе ја вратиме радоста во срцата на нашиот народ, и ќе направиме стабилна и богата држава. За 20 години од нашето владеење нема да ја препознаете Македонија. Да направиме пресврт во среда, за кој ќе пишува Европа, дека доаѓа нова политичка сила - порача Ристевски.
Пред присутните се обрати и велешанецот Коста Јанев кој е на петтото место од гласачкото ливче за ИЕ „3“ и порача дека конечно граѓаните ја имаат третата опција.
Интегра е партија на македонскиот народ. Доста ни е од лажни ветувања, од тендер политичари и безнадежност. Промените сами нема да дојдат, затоа ќе дојдат ако гласате за број осум, охрабрете се - кажа Јанев.
Tweet |