Петар Печков
Објавено: петок, 08 октомври 2010
Роботи започнаа да им помагаат во наставата на учениците од СОУ Коле Неделковски од Велес, кои ги користат како дел од практичната работа и така прв пат нагледно да ги видат нивните системи, сензори и погонскиот дел. Учениците на часовите ќе можат да ги склопуваат и да ги програмираат, со цел роботите да извршуваат различни функции и задачи.
Тие се наменети за учениците од трета и четврта година од машинската и електро струката, и се добиени во соработка со ПЕП проектот. Изработени се на принцип на лего системот, со кој може да се формираат различни видови конструкции и секој има своја процесорска единица која се програмира со соодветен софтвер. Освен во Велес вакви роботи за прв пат добија и четири други средни училишта во Македонија во Скопје, Гостивар, Тетово и Кочани.
Tweet |