Петар Печков
Објавено: четврток, 22 јули 2010
Настанот се случил во четвртокот наутро околу 5 часот кога при породувањето почина лила Мајсторова ( 45 год) мајка на две деца од 13 и 4 години возраст. Заради смртта кој настаната неочекувано, отворена е истрага до страна на обвинителството а телото на починатата е дадено на обдукција. Од велешката болница велат дека нивна стручна комисија ќе го испитува случајот а дека бебето е во сериозна нарушена здравствена состојба.
Во текот на ноќта во нашата Болница почина родилка на 45 годишна возраст, со трета бременост. Породувањето почнало нормално за да во неговиот тек се појават компликации, влошување на општата состојба. Сите дежурни доктори, гинеколог, анестезиолог, биле ангажирани на случајот, бил повикан невролог и втор анестезиолог, но за жал нивните напори биле безуспешни, пациентката починала. Машко бебе е однесено на клиника во Скопје а мајката имала природно породување – изјави директорот на Болницата д-р Ванчо Граматов.
Од разговорот со колегите бил информиран дека пациентката имала нормална бременост а единствено се жалела на повишен притисок. Немало крварење туку добила напади на еклептија, поради што бил повикан невролог. Семејството на починатата не можеше да зборува за настанот, бидејќи утрото наместо да ја слушнат убавата вест за новороденчето во фамилијата, ја слушнале трагичната дека родилката починала. Згора на тоа на денот кога мајката требало да им донесе братче на двете сестри, поголемата на 22 јули славела 13-тиот роденден
Tweet |