речник контакт

Родителите ги бараат назад воспитачките на децата во градинките

Децата не можеле без воспитувачките, со кои израснале

Петар Печков

 

Пред зградата на Детските градинки група на родители, како што сами се  претставија,  протестираа  и бараа враќање назад на воспитачките на нивните деца.  Како што рекоа тие беа од  два различни клона, од два дела на  градот.  

 Ние сме група родители од клон 4 кај Тунелот и имаме проблем со постојаното менување на негователките и воспитувачките.  Кај нас е сменeта негователкaта без  никаква причина, бeз жалба на нaс  родитeлитe и воопшто кон групата која таа ја води. Затоа сакаме да се врати. Две години ги води децата и не гледаме причина зошто тие да имаат нова воспитувачка. Таа не доаѓа на работа, месец и половина. Децата се оставени само на еден воспитувач . Триесет и кусур деца да ги чува една личностите е премногу. Дома не  можеме да се справиме со  2-3 деца а не во градинка  36 деца. Тоа е надвор од сите стандарди. До директорката и до градоначалникот поднесовме петиција. Ние сме родителите на нашите деца  и ги штитиме . Нашите деца се на возраст  од три години. Немаме ништо против  новата, но децата ја бараат старата негователка. Ова менување е контрапродуктивно за децата. Не се случува само сега туку е присутно со години  - рекоа групата родители.

 На оддалеченост од нив беше друга група на родители, и во двата случаи повеќето мајки. 

Тука сме заради нашите деца, сменета е воспитачката. Тие ја бараат неа, научени се со неа.   Денес беа со солзи во  очите, оти ги расте од бебиња. Не сме  ниту партиски, ниту поинаку организирани, туку самоиницијативно. Нашите деца се во клон  6 - Ѕвончица, кај Пазариште и се на возраст од 4 и 5 години.  Денес децата се без воспитачка, од вчера не доаѓа.    Бараме да  се врати назад и да ги води децата уште една година. Станува збор за  Благородна Ушева, која работи 15 години - рече друга група на родители.   

Директорката на  Детската градника ,,Димче Мирчев,,  Бранислава Нацева  барањата  на родителите за враќање назад на двете негувателки не ги коментираше, но затоа одговори за бројот на децата во групите.

Од локалната власт, како оснивач побаравме и  имаме добиено одобрение за бројката на деца во група, која е повисока од пропишаните.  Тоа е чисто и покриено законски. А досега не се случил ниту еден  проблем  во воспитно -образовниот процес ниту по безебдноста  на децата, иако има поголем   број на деца во групите - рече Нацева. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »