речник контакт

Роднините му простија на Димитар за убиството на мајкаси

Животот пишува приказни а во Велешкиот суд неодмна се случи голема животна драма кога најблиските му простија на внукот и брат Димитар за убиството на мајкаму, покажувајќи голема љубов кон него и покрај стореното дело кое го сторил непресметлив

Петар Печков

Младиот Неготинчанец Димитар Спасовски ( 23 год)  остатокот од  животот ќе го мине во Психијатриска Болница на задолжително лекување. Оваа мерка, не пресуда, му е изречена во Основниот суд во Велес, оти со единаесет убоди од нож  ја уби мајка си  Нада ( 57 год) на 17 јули годинава. Но и покрај ужасниот чин кој го извршил, трогателна беше сцената кога неговите блиски, баба, дедо (мајка и татко на убиената) и сестрата  по изрекувањето на оваа мерка, силно го прегрнаа внукот и братот и гушнати излегоа од судницата.

Му простија и побараа за него душевен мир во некоја здравствена установа. Нешто што не се помни во судските анали. И ги насолзи очите на присутните во салата. Големо христијанско простување, својствено само на луѓе во кои тече иста, родителска, крв. Родителите на убиената Нада, мајката Марија и таткото Иван Антови како оштетени кратко изјавија дека не сакаат никаква оштета, туку бараат спас за детето.

  Нека биде згрижен од некоја здравствена институција, нека се лечи оти е болно внучето – рече Иван Антов, кој поради слабиот вид не можеше да го види внукот во преполната судска сала. Го побара со поглед му мавна со рака на внукот кој иако жив ќе мора да живее во Психијатриска болница.

Димитар ни сенка од лицето кое ја масакрираше сопствената мајка со единаесет убоди, па тоа го раскажуваше преку Фејсбук. Смирен од лекови кои ги примил, седеше  мирен и сам на клупата, во придружба на две лица од  болницата ,,Бардовци,,. Ниту судските полицајци од Велес не го препознаа лицето кое во јули ја демолираше собата во судот за притвореници а подоцна  ги претепа и колеги цимери во притворското одделение на Шутка. Вештите лица од Универзитетската клиника за Психијатрија ја проучуваа личноста на обвинетиот.

Евидентно е дека лицето е душевно болно и е под влијание на психопатолошки состојба. Тој има душевно растројство и во моментот на настанот бил непресметлив. Има параоноидно халуционо шизофрено растројство  кога го сторил делото. Лицето треба да биде згрижено и лекувано на психијатриска болница. Тој може да го повтори делото и затоа е потребно лечење во психијатриска установа  - рече проф. Д-р Бранислав Стефановски.

Ова е втора ваква судска одлука, изрекување мерка на лекување заради безбедност,  во последните  четири месеци во велешкиот суд. Стевче Тасевски (30 год) од селото Иванковци  доби задолжително лекување и сместување во здравствена установа, заради убиството на неговиот татко Санде ( 60год) кое се случи годинава на големиот христијански празник Прочка. Ова решение на Основниот суд во Велес е донесено по психијатриското вештачење спроведено над Стевче, кое покажало дека тој е непресметлив и убиството го сторил во тешка здравствена и нарушена психичка состојба. Психијатрите  имаат објаснување за однесувањето на овие лица.

Кога дејствијата сторителите ги вршат во вакви случаи, тие биле под силно влијание на болни идеи. Имаат една цел да издејствуваат, за нив потребна вистина. Тие имаат нелогични и налудничави идеи, неразбирливо објаснување, резултат на нивната параноја и трајно душевно заболување – објаснува клинички психолог, судски вештак. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »