речник контакт

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

21 септември празник на мајката на сите мајки. Во манастирскиот комплекс во селото Калиште струшко се наоѓа единствената икона т.н. Црна Богородица која на овој ден е масовно посетена

Петар Печков

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. 

Манастирскиот комплекс Св. Богородица кај струшкото  село Калиште е резиденцијален на врвот на МПЦ-ОА. Тој се состои од  црквата Св. Богородица,  црквата Св. Петар и Павле, и две  пештерски на Св. Богородица и Св. Атанасиј.    Празник на овој комплекс е т.н. Мала Богородица на  21 септември. Тогаш тука доаѓа и старо и младо, и православни и муслимани.

Една од причините е што доаѓаат во голем број е да се поклонат пред иконата на Св. Богородица, кај народот позната како Црна Богородица. За неа стручњаците сметаат дека е нацртана во 14 век, заедно со старата црква, на чии темели е подигната и обновена  црквата Св. Богородица. Оваа икона е многу ретка, бидејќи Богородица и малиот Исус се насликани со црна боја. Многу верници ја посетуваат оваа црква токму поради иконата и верувањето дека има лековита моќ.

Иконата на Пресвета Богородица е чудотворна има исцелителна моќ. Таа за населението од овој дел на Македонија е чудо на која доаѓаат масовно да и се поклонат на Мала Богородица, кога  е празникот. Освен православните, црквата и иконата се посетени и пред нив се поклонува муслиманите. Тие имаат голема почит за овој ден, за оваа црква и оваа икона. Палат свеќи оставаат пари пред иконата и се надеваат  за помош. Многу пати се докажало дека  икона помага на брачни парови, жени кои немаат рожба. И сите се враќаат до година со детето – велат  жителите на селото Калишта. 

Токму овде и на ни едно друго место во Македонија, е домот на единствената икона каде Мајката Божја е  насликана во темна облека и со темно  лице, а и детето Исус е црно. Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот. За оваа икона се верува дека има неверојатна лековита моќ. Иконите на кои Богородица е насликана со црна боја а ваквите во светот се  мошне ретки. Иконата своевремено била сериозно оштетена. Ова се должи на верувањето што,  кога жените неротки доаѓале кршеле по мало парче од дрвото на иконата, па таа во средината е сериозно оштетена и поцрнета.

Од страна на Републичкиот Конзерваториски центар, иконата на Св. Богородица е   заштитена, колку е можно поправена и сега е прекриена со стакло.  Таа не треба да се допира туку потребно е да се поклони верникот пред неа и со верба во Бога да се посака желба. Нејзината историја е тегобна, исто како и на Богородица.

Во блиската пештерска црква со исто име  е пронајдена оваа икона. За нејзината исцелителна моќ се занело со векови, не е отсега, таа има долга традиција. Заради тоа окупаторот кој бил на овој терен во три наврати ја фрлал во езеро, но таа се враќала секогаш овде, кај манастирот на брегот од езерото. Ја фрлале  заврзана со ланци, со железо, за да потоне, но  нејзината моќ се покажувала во пракса   и таа секогаш допливувала  до црквата.  Не можеле да ја уништат, напротив таа уште повеќе добивала  на значење кај целокупното население од овој крај – велат постарите жители на Калишта.  Токму ова икона  го зближува населението од различни вери во струшкиот  крај.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »