речник контакт

Рок фест по 25-ти пат

Рок фест по 25-ти пат – Враќање во МКЦ [b]петок, 03.02.2006[/b]

Аница Солева

Најстарата организирана рокенрол-манифестација во земјава, Рок фест, годинава го прославува своето 25-годишно постоење. По неколкугодишното отстапување од стандардното место на одржување, годинава Рок фест повторно се враќа во просториите на Младинскиот културен центар. Своето јубилејно издание Рок фест ќе го одбележи со шест вечери, кои ќе се одржуваат на 3, 4, 10, 11, 17 и 18 март. Во натпреварувачките вечери силите ќе ги одмерат дваесетина млади бенда од Македонија, додека, пак, во ревијалните, своето присуство го најавија повеќе афирмирани состави, кои имаат објавено квалитетни албумски изданија, но и такви што со своето дејствување оставиле значаен печат на македонската рок-сцена. Покрај бендовите од Македонија, за јубилејот се ангажирани и неколку групи од странство, кои се уште се чуваат во тајност. Она што е најинтересно е тоа што во рамките на шестдневната рок-дружба ќе биде отворена изложба на фотографии, каде што ќе бидат презентирани повеќе од 800 фотки. На фотографиите што ќе ја отсликаат хронологијата на Рок фест ќе може да се видат музичари и групи што настапувале како што се култните Мизар, Токму така, Сарацени, Триангал, како и некои од поновите имиња како Санаториум, Верка, Сињак, Д\' Далтонс и многу други. На изложбата ќе може да се видат и плакати, летоци, беџови, а ќе бидат пуштани и видео и аудиоснимки од компилациските изданија што своевремено беа објавувани од финалистите на фестивалот. На фотографијата која го илустрира овој текст се Боргот, ланските победници на Рок фест... [url=www.mmm.com.mk/Text1a.asp?id=4244&Rubrika=Vesti] www.mmm.com.mk[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »