речник контакт

Роман Абрамович прв на рускиот список

Роман Абрамович повторно прв на рускиот список на најбогати Русија има околу 700 милијардери, од кои речиси 40 работат како пратеници во Думата...

Никола Солев

Роман Абрамович повторно прв на рускиот список на најбогати Русија има околу 700 милијардери, од кои речиси 40 работат како пратеници во Думата или се членови на Советот на Федерација, двајца се обласни губернатори, а еден претседател на република-членка на Руската федерација. Според годишниот рејтинг на руските милијардери, објавен во часописот “Финанс“, со поддршка на агенцијата РИА Новости, на прво место повторно е губернаторот на Автономната област Чукотска Роман Абрамович, инаку познат и како сопственик на англискиот фудбалски клуб Челзи. На списокот се 720 лица чиј имот надминува една милијарда рубљи, а 50 се милијардери во долари. Од тие 50 лица, 39-мина го стекнале капиталот во петрохемиската и металуршката индустрија. Првите 10 богаташи имаат вкупен имот од околу 95 милијарди долари. Абрамовиќ, како што пренесува РИА Новости, покрај Челзи има и три јахти, а неговиот имот се проценува на близу 19 милијарди долари. Последен на списокот “доларски милијардери“ е сопственик на Здружена металуршка компанија со имот вреден околу милијарда долари. Експертите се воздржуваат од точна проценка на имотната состојба Михаил Ходорковски и Платон Лебедев, иако тие се вклучени во рејтингот, со образложение дека имотот им е вреден минимум 35 милиони долари. Околу 40 проценти од руските милијардери се родени во 60-те години од минатиот век, се наведува во списокот објавен во РИА/Новости./Крај/бе/ис/б Извор: [url=www.makfax.com.mk/look/agencija/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=1&NrIssue=380&NrSection=30&NrArticle=17395]http://www.makfax.com.mk[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »