Петар Печков
Објавено: петок, 30 октомври 2020
Од раководството на Фабриката на швајцарски Ронтис, лоцирана во близина на Велес, која произведува медицинска опрема и е извозно ориентирана, денес соопштија дека ќе ја прекинат работата до 10-ти ноември.
Ова откако деновиве било извршено тестирање на дел од вработените и се дијагностицирани неколку позитивни случаи,сите асимптоматски.
Во интерес на здравјето на сите наши вработени, нивните семејства и јавното здравје, веднаш по добивањето на резултатите, Ронтис како општествено одговорна компанија, одлучи привремено целосно да ја затвори фабриката. Сите вработени ќе бидат исплатени во целост, како да доаѓале на работа -изјавија од Ронтис.
Поради зголемен број на позитивни случаи на ковид-19 во општината, РОНТИС на сопствен трошок одлучил превентивно да направи тестирање на дел од своите вработени.
Фабриката повторно се отвора на 10-ти Ноември 2020 година, по претходно организирано тестирање на сите вработени, повторно на трошок на компанијата, и вонредно специјално дезинфицирање на фабриката. Доколку се случи и на ова тестирање да се појават вработени кои се позитивни на ковид-19,, тие ќе бидат изолирани, а останатите вработени ќе почнат со работа - додаваат од менаџментот.
Tweet |