речник контакт

Руралните општини со помал број услуги кон граѓаните, тие малку знаат што локалната власт им нуди како услуга

Граѓаните многу често не ги разликуваат надлежностите кои припаѓаат на општината или припаѓаат на повисоките нивоа на власт, но и долго време чекаат за одредени документи

Петар Печков

Малиот број на вработени се најголемата пречка во помалите општини, за тие да дадат поголем број на услуги, потребни на граѓаните. Со ова се судруваат Општините Градско, Лозово и Чашка.  Од друга страна  граѓаните малку запознаени што им нудат локалните власти, како услуги, за тоа малку знаат и тоа што го дознаваат е од кажувања на други лица, не од увид во веб страниците на  Општините.  Најмногу услуги од овие три рурални општини нуди Општина Чашка 21,  Лозово 15 и Градско осум. Интересот различен од општина, до општина.  

Најголем интерес има за урбанистичката и комунална област, но граѓаните многу често не ги разликуваат надлежностите кои припаѓаат на општината или припаѓаат на повисоките нивоа на власт, па затоа ги упатуваме на вистинското место да го остварат своето право и да ги добијат бараните податоци - велат од Општина Градско. 

 Најголем интерес има за услугите издавање на решенија за наследство и подарок и решенија за данок на промет - објаснуваат од Општина Лозово.

Во третата по територија општина во Македонија, Чашка, граѓаните со други интереси, по услугите кои ги добиваат во локалната власт.  

Со по стотина издадени решенија, најголем интерес има за интерес  Решение за данок на наследство и подарок,  Решение за данок на имот и Решение за данок на промет, потоа следат Извод од урбанистички план  и Решение за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти -информираа  од Општина Чашка.

Ограничениот човечки капацитет со бројот на вработени во овие средини е решавачки за тоа колку услуги нуди една Општина. Иако тие се транспарентно објавени на веб страницата, граѓаните од овие три општини малку или не знаат воопшто за што се може да  се обратат до нивните локални власти.  Интернетот како помагало во остварување на нивните граѓански права за информирање и услуги,  им е непознат.  Затоа најчесто информациите ги дознаваат од разговор со сожители, кои користеле таква услуга или кои се блиски до некого од локалната власт. Или како што самите велат, дознавме од муабет.   

Повеќе жители од Лозово имаа иста реакција, должината на постапката за легализација.

Четири години чекам, и не знам дали ќе дочекам да го добијам документот. Се сменија две власти, но јас ништо не добив на хартија. Но колку што разбирам од разговори со други соселани, и тие ја имаат истата мака - вели жител на Лозово. 

Барам извод од урбанистички план но не го добивам. А како кога Чашка нема ДУП, треба тоа да се сработи - вели жител на населбата. 

Неколку месеци чекам да  го добијам данокот на промет. Како локалната власт да не сака да ми ги земе парите - вели друг жител на Општина Чашка. 

Една од маките за неколку жители на Општина Градско беше добивањето на документ за легализација.

Со години чекаме да добиеме легализација на  нашите продавници, кои се од цврста градба. Но никако да го добиеме. Ако не, нека кажат дека нема мегдан и да бидеме на чисто. Вака само сме во исчекување и неизвесност - велат жители на населба Градско.  

 

“ГО и Медиуми против корупција- Коалиција за нулта толеранција” поддржан од ЕУ а го спроведуваат ТМ и НВО Инфоцентар.

Оваа истражувачка сторија е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на сторијата единствено е одговорен авторот и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија. 

 

 

Проектот е финансиран од Европската Унија

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »