речник контакт

Руса среда- преполовение

Руса среда празник на водата. Народот со свои обичаи и верувања го издигнува на ниво на народен празник

Петар Печков

Следниов текст е израз на народната традиција.

Руса Среда спаѓа меѓу подвижните празници, што значи дека нема постојан датум туку секоја година го менува.Овој празник зависи од Велигден бидејќи се паѓа во средината меѓу Велигден и Духовден но секогаш во среда. Затоа освен Руса Среда овој ден се вика и Преполовение што значи половина од Педесетницата, односно од Духовден.

Руса среда според  народни раскажувања во велешко е празник на водата и жените. Тие на овој дене и се поклонувале на водата која секојдневно ја употребуваат и ја бербатат со сите домашни работи кои ги извршуваат. Затоа се  оди на река и се  фрла венец со цвеќе за сите починати од женски род. Додека живите ставаат цветен венец на главата.

Во народното верување бидејќи се работи за пролетен празник поврзан е со зеленилото. Марко Цепенков запишал дека на Руса Среда не  чинело да се јаде нешто зелено како спанаќ, коприви и друго „за да не те фати булусница на устата (устоболие)“Во Зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека на овој празник се изведувал обичајот „Додоле“ за измолување дожд.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »