речник контакт

Руската нафтена компанија Лукоил отвори бензиска во Велес

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ ја предаде во употреба десетата бензиска пумпа во Македонија,

Петар Печков

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ ја предаде во употреба десетата бензиска пумпа во Македонија, оваа изградена на влезот во Велес од правец на Штип.  За нејзината изградба инвестирани се 1,5 милиони евра и вработени се 15 лица.

- Во време на економска криза, кога многумина затвараат фирми и испраќаат дома работници, ние му помогнавме на градот со оваа наша инвестиција и вработување на млади луѓе. Значајно за вашиот град е што ние го почитуваме и уважуваме еколошките стандарди па иако сме на бензискта пумпа, не се чувстува мирис на бензин, нафта или гас. Со неа ние се гордееме, а се надевам и велешани – изјави Андреј Михајловиќ директор на Лукоил, кој потсети дека неговата фирма со редовното плаќање на давачките кон државата ги исполнува обврските, но и создава услови за развој на земјата.

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »