Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јули 2012
Претставата ,,Мушичка,, која триипол години е на репертоарот на велешкиот театар Јордан хаџи Константинов Џинот в среда вечер ќе бдие прикажана на отворено, во Младинскиот парк. Ако сакате да се насмеете искрено до солзи и добро се забавувате, дојдете, нема да зажалите. Претставата досега и играна повеќе од 60 пати во велешкиот театар.
,Мушички,, е ренесансна комедија напишана од Анџело Беолко Руцанте , чија премира беше на 13 февруари 2009-та година. Претставата е играна во Албанија, Хрватска, на фестивалот Скопско лето, на театарскиот фестивал во Виница.
Настапуваат : Зоран Љутков, Јордан Витанов , Зорица П. Панчиќ , Едмонд Сотир , Слободанка Чичевска, Кирил Гравчев и како музичари Јован Рибарски и Димитар Глушков. Режисер е Никола Ристов.
Tweet |