Петар Печков
Објавено: сабота, 27 декември 2025
Дедо Мраз ги посети децата во детското одделение од Општа болница Велес и им подари новогдишни пакетчиња. Тие ба подарок, обезбедени од вработените СВР Велес во соработка со општествено одговорна компанија од градот. На дечињата кои во моментов се лекуваат, освен што им беа подарени новогодишни пакетчиња, им беа испорачани желби за добро здравје и безгрижно детство. Потоа новогодишни пакатчиња беа поделени и на децата кои се најдоа во те мометни на неколку јавни локации во градот.
Претходно полициските службеници од СВР Велес беа домаќини на најмладите жители на Велес. Децата беа изненадени со доаѓањето на Дедо Мраз, кој им подари новогодишни пакетчиња обезбедени исто така од вработените во Свр Велес и општествено одговрна компанија од Велес. Средбата со полициските службеници, децата ја искористија и за да постават прашања поврзани за професијата полициски службеник, а споделија и дел од она што тие го научиле претходно.
фото СВР Велес
| Tweet |










