Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 декември 2018
Со писмена реакција на вчерашниот протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Велс, каде се обрати и нивниот лидер Кристијан Мицковски, денес со писмена ракција од ОО на СДСМ - Велес.
Вчера протестираше и маршираше ВМРО ДПМНЕ низ Велес. Најмалку од се имаше Велешани.
Марширајќи така, поминаа покрај местата каде беа засадени скапоцените палми, секако, од тендерите на бегалецот и нивен довчерашен лидер, Груевски, купени со пари на граѓаните во вредност од стотици илјади евра. Молчеа, не кажаа ништо, немаше самокритика, немаше извинување за украдените пари на граѓаните.
Не кажаа ништо, ниту се извинија, затоа што Градот Велес го оставија во долгови од околу три милиони евра.
Не се ни извинија што ЈКП Дервен го оставија во долгови оставајќи го со застарен возен парк.
Игор Здравковски многу убаво знае дека најпрво треба да се вратат долговите од нивното погубно владеење со Општина Велес, па потоа да се почне со создавање на нови работи. Ама, не кажа ништо за плацевите на Груевски, неговиот почесен претседател, за тендерите со ,,жутите,, на неговиот почесен претседател ...
Мицковски заборави да им каже на Велешани и на своите сопартијци како стана сопственик на хидроцентрали, колку заработува од нив и на кого досега помогнал?
Дури и единствениот пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Велес, во републичкиот парламент вчера не беше рамо до рамо со Мицковски.
Господа Мицковски и Игор Здравковски,
За кои црнила зборувате ?
За целиот нормален Свет и Европа, поголеми црнила од Вашето 11-годишно владеење немало досега.
Сосема на крај, вашиот пријател и сопартиец ЦВЕТИН ЧИЛИМАНОВ го нарече РАЦИНА – ЏУЏЕ, а вие чии стихови рецитиравте вчера во Велес, или не сте се договориле со ЦВЕТИН ЧИЛИМАНОВ – вашиот сопартиец ? -стои во писмената реакција на ОО на СДСМ од Велес.
Tweet |