речник контакт

СДСМ - Недела за сите нас е шансата да ја поведеме Македонија во модерна цивилизирана Европа

Имаме единствена шанса да ја земеме судбината на Македонија во свои раце - кажа Коцевски

Петар Печков

Со завршна прес конференција на четворицата претставници на СДСМ, градоначалникот Аце Коцевски, пратеникот Панче Иванов,  претседателот на партијата Дејан Арсовски  и  партиската членка Клементина Војдиновска, заеднички ги повикаа граѓаните и гласачите да  излезат в недела на 30-ти септември и го дадат гласот ЗА Европска Македонија. 

Коцевски порача дека време е да создадеме држава по европски  правила. 

Ве повикувам да избереме семејство, европско, стабилно во кое сме безбедни и заштитени и во кое  имаме сојузници и одиме напред. Имаме единствена шанса да ја земеме судбината на Македонија во свои раце и да го исцртаме патот кон успехот, со еден едноставен чекор - глас на 30-ти септември. Овој историски момент е поголем од секој од нас,од партиите, кавгите или личните интереси. Да ги оставиме различните убедувања и интереси за момент зад нас и да ја видиме светлината на Европа која не повикува - порача Коцевски.

Пратеникот од редовите на СДСМ Панче Иванов кажа дека секој глас ЗА носи подобра иднина за нашите деца.

Не можеме да чекаме уште 27 години, време е за одлука. Членството во ЕУ и НАТО ќе донесе нови големи директни странски инвестиции во Македонија.  Инвестициите отвораат нови работни места а Македонија станува конкурентна , се зголемуваат платите, се зголемува бруто домашниот производ и извозот. Секој глас ЗА носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови, влог во инфраструктурата. На 30-ти септември Македонија избира иднина - изјави Иванов. 

 Дејан Арсовски претседателот на ОО на СДСМ Велес рече  дека недела е ден за историска одлука, недела е ден за гласање и недела трајно ќе влијае врз сопствениот живот и иднината на државата. 

Историските моменти повикуваат на одговорност. В недела за сите нас е шансата да ја поведеме Македонија во модерна цивилизирана Европа, во Европа без граници. Заедно сме посилни да се обединиме во различностите и да ја поведеме Македонија во посветла и просперитетна иднина - кажа Арсовски.   

Клементина Војдиновска  партиски активист рече дека сите имаме должност и одговорност да се бориме за Европска Македонија.  

Иднината и личниот просперитет на секој од нас не повикуваат дека мора да излеземе на 30-ти септември, За Европа ЗА НАТО, за достоинствен живот на сите во Македонија.  Вистински патриотизам е кога ќе излезеш на референдум и ан 30-тио септември гласаш ЗA - заврши Војдиновска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »