Петар Печков
Објавено: вторник, 17 октомври 2017
Писмена реакција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Општинска организација Велес на вчерашниот прес на ВМРО ДПМНЕ, одржан од страна на Петре Саздов:
Наместо вчерашниот ден да го искористат за да ја честитаат победата на СДСМ и да објават дека во иднина ќе бидат конструктивна опозиција, ВМРО ДПМНЕ и Петре Саздов се обидуваат да најдат оправдување за падот на нивниот 11 годишен режим.
Но, оправдување нема, граѓаните го срушија режимот и на Парламентарните и на овие Локални избори. Груевски е минато, а неговите послушници на локално ниво се опозиција.
Господине Петре Саздов, зошто ја напаѓате полицијата ?
Полицијата беше онаа, која храбро ги спречи сите обиди за поткуп и присилно вадење на луѓето за на сила да гласаат. Може не Ви се допаѓа тоа што полицијата не дозволи вадење на луѓето, еден по еден , за уши, како што викаше вашата Гордана Јанкуловска ?
Од СДСМ можете само да учите како се управува, без да се злоупотребува ! Од СДСМ можете само да учите како се ценат и сакаат своите сограѓани !
Господине Петре Саздов :
Режимот на ВМРО ДПМНЕ е поразен ! Ќе има живот во Велес, но ќе има и одговорност ! Никакво празни обвинувања нема да ги спасат криминалците од ВМРО ДПМНЕ!
Tweet |